понеделник, 28 октомври 2024

После писмото до меѓународните институции, Ахмети се сретна со амбасадорот на ОБСЕ, Вал

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата се сретнал со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килијан Вал.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира ДУИ, Ахмети и амбасадорот Вал разговарале за многу прашања во земјата и регионот, меѓу кои евроинтеграциите, приоритетите на ДУИ за земјата и граѓаните, легитимитетот, ситуацијата во Северна Македонија и Косово итн.

Ахмети му порачал на Вал дека ДУИ, без никакво сомневање и со сите сили, останува недвосмислен промотор на европскиот дух и пријателството со Америка кај нас, па затоа, како што се наведува, преговарачката рамка со Европската Унија мора да ја спроведеме без одлагање.

„Партнерите во власта без етнички легитимитет ветија дека за три до шест месеци ќе го сменат Уставот. ДУИ нема да дозволи отстапување од европскиот пат и ќе инсистира на уставни измени бидејќи граѓаните се решени да станат дел од Европската унија. ДУИ не сака и нема да биде дел од оваа влада, туку води битка за национално достоинство од секојдневното погазување и за почитување на Охридскиот договор, како и евроатлантската ориентација на државата. Нас не нè интересира власта и под никакви околности оваа наша битка и битката на Албанците не е и нема да биде страст за власт. Потписниците на Охридскиот договор треба да бидат алармирани за овие сериозни нарушувања на меѓуетничките односи и еднаквост“, се вели во соопштението од ДУИ.

Ахмети посочил дека Уставниот суд со прегласување по политичка наредба ја избришал, како што се наведува, етничката припадност, а на ред е и албанскиот јазик.

„Овие одлуки се неприфатливи за нас. Во меѓувреме, во регионот, албанско-српското помирување со заемно признавање меѓу Косово и Србија е неопходност и само тоа ќе донесе мир, стабилност, безбедност и регион со перспектива, додека голем историски договор во регионот е потребен и за посветеност за незагрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија од нејзините соседи. Овие историски и визионерски процеси мора да ги гарантираат Соединетите Американски Држави и Европската Унија“, пишува во соопштението од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ