До денешниот пораз од Македонија, Ерменија на две кола пред крајот ги загуби шансите за првото место во групата. Ова е сериозен неуспех за нив, а цехот го плати селекторот Петраков.
Брзо по натпреварот Ерменската фудбалска федерација излезе со соопштение во кое потврди дека Александар Петраков веќе не е селектор на Ерменија.
Петраков беше назначен за селектор на Ерменија на 14 јануари 2023 година. Репрезентацијата ја водеше на 18 натпревари, но оствари само четири победи, со четири нерешени резултати и 10 порази.
View this post on Instagram