вторник, 26 ноември 2024

Поранешен шеф на Мосад: Нападот со пејџери и воки-токи беше совршено извршен

Нападот врз оперативците на Хезболах со помош на пејџери „успеа совршено“, вели Сима Шајн, поранешен шеф за истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Шајн изјави за Скај њуз дека детонацијата на пејџерите била „комбинација од три елементи кои функционирале совршено“. Тие елементи, според неа, се „разузнавањето, технологијата и оперативните способности“. „Комбинацијата на тие три фактори ја направи оваа операција успешна. Таа тврди дека операцијата била „насочена кон оперативци на Хезболах, а не кон цивили“.

„Мислам дека кога ќе го погледнете големиот број повредени, ќе сфатите дека операцијата била многу прецизна и дека целта била само оперативци на Хезболах, а не цивили. Жал ми е за она што се случи во двата случаи на смрт на деца, но тоа не беше намерата“.

Главната причина за нападот беше да бидеме сигурни дека голем број членови на Хезболах „не можат да учествуваат во битката и се зафатени со помош на повредените“, додаде таа.

Таа, исто така, покрена „големо прашање“ за тоа зошто е повреден иранскиот амбасадор. „Се поставува прашањето зошто амбасадорот на една земја е вклучен во мрежата на терористичка организација во Либан“, заклучи таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ