четврток, 28 ноември 2024

Поранешен шеф на МИ6: Европа влезе во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор на британската разузнавачка служба МИ6 Сер Ричард Дирлов. „Мислам дека треба да се соочиме со фактот дека Русите мислат дека се во војна со нас“, рече Дирлов.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Неговата изјава доаѓа неколку дена откако полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека Русија, во контекст на својата војна во Украина, може да ја доведе ескалацијата до ниво на „глобален конфликт“.

Според Дирлов, конфликтот веќе ги преминал границите на Украина. „Доналд Туск тоа го нарекува предвоена ситуација. Мислам дека греши. Мислам дека тоа е вистинска војна“.

Дирлов додаде дека Русија води хибридна војна против Европа на повеќе фронтови, вклучувајќи саботажи и „многу агресивни потези“. Директорите на разузнавачките служби во Европа, САД и Велика Британија ја окарактеризираа Русија како „непредвидлива“, рече тој.

Руските специјални служби се поврзани со саботажи низ Европа, вклучувајќи сајбер напади, шпионажа и мешање во избори. Откако Финска влезе во НАТО во 2023 година, се жали на интензивирање на руските хибридни напади на својата граница.

Како што расте руската агресија, западната коалиција се соочува со можност за раскол бидејќи претстојната инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп сигнализира промена во поддршката на Вашингтон за Европа, НАТО и Украина.

Западните земји сега се во „многу опасна ситуација“, рече Дирлов.

Додека Дирлов истакна дека би било пожелно Западот да преговара со Кремљ, тој предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно нема да соработува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ