вторник, 26 ноември 2024

Поранешен играч на Барса ќе го тренира Меси во Интер Мајами

Интер Мајами попладнево го потврди ангажманот на Хавиер Маскерано како нов тренер, тој на кормилото ќе го наследи својот сонародник Тата Мартино.

Објавено на

часот

Сподели

Уште еден поранешен играч на Барселона се пресели во Интер Мајами, Хавиер Маскерано е именува за нов тренер на клубот од Флорида.

Откако Тата Мартино неочекувано го напушти кормилото поради лични причини, Интер Мајами реши да донесе уште едно име кое е добро познато на Лео Меси и дружината.

„Чест е да се биде тренер на клуб како Интер Мајами. Бев привлечен од амбицијата на овој клуб, како и нивната инфраструктура. Со нетрпение чекам да почнам да работам со сите во Интер Мајами, и да му помогнам на клубот да стигне до нови височини, а навивачите да уживаат во незаборавни моменти“ – вели Хавиер Маскерано.

Тој со работа започнува на стартот од јануари, а договорот му е во трајност до 2027 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ