„Ќе продолжиме да го спроведуваме нашиот воен план во рамките на поставените политички цели и ќе останеме на нашиот пат“, рече Касем, додавајќи дека ќе ги следи упатствата на неговиот претходник Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски воздушен напад во Бејрут.
Касем истакна дека Хезболах е подготвен за долготрајна борба. „Израел треба да ја напушти нашата земја ако сака да избегне загуби. Ако останат, ќе ја платат цената“, изјави тој.
Во меѓувреме, израелската војска денеска изврши опсежни воздушни напади врз историскиот град Балбек и селата во источниот либански регион Бекаа, откако беше наредена евакуација на градот и неговите предградија.
Безбедносни извори пренесуваат дека населението почнало масовно да го напушта Балбек веднаш по издадената наредба, четири часа пред почетокот на нападот. Сѐ уште нема информации за жртви.