вторник, 26 ноември 2024

Поплави во Сахара прв пат по половина век (ФОТО+ВИДЕО)

Дводневните врнежи од септември во неколку области на регионот Сахара во југоисточниот дел на Мароко ги надминаа годишните просеци и предизвикаа поплави, објавија претставници на метеоролошката агенција на земјата.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележа повеќе од 100 милиметри дожд на метар квадратен за 24 часа, пишува Гардијан.

Сателитски снимки на НАСА покажуваат дека езерото Ирики, кое е суво 50 години, се полни со вода.

„Поминаа меѓу 30 и 50 години откако имавме толку многу дожд за толку краток временски период“, изјави Хусине Хуабеб за Асошиејтед прес, официјален претставник на метеоролошката агенција на Мароко.

Овие дождови, кои метеоролозите ги нарекуваат екстра-тропска бура, може да ги променат временските услови во регионот во следните месеци и години.

„Како што воздухот задржува повеќе влага, тој поттикнува поголемо испарување на водата и предизвикува повеќе бури“, изјави Јуабеб за американската агенција.

Селест Сауло, генерален секретар на Светската метеоролошка организација, изјави дека „циклусот на водата во природата низ светот се менува со зголемена фреквенција“.

„Поради порастот на температурите, хидролошкиот циклус се забрза. Тој исто така стана непредвидлив и нестабилен, денес се соочуваме со сѐ поголеми проблеми со премногу или премалку вода“, рече Сауло.

Во поплавите во Мароко минатиот месец загинаа 18 лица, а последиците се проширија и во регионите кои минатата година беа погодени од земјотрес.

Исто така, имаше извештаи за преградени акумулации во југоисточниот регион кои повторно беа пополнети со рекордно темпо во текот на септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ