сабота, 2 ноември 2024

Помеѓу Русија и Украина беснее шпионска војна

Објавено на

часот

Сподели

Далеку од боиштето каде што се борат Русија и Украина, ескалира уште една војна меѓу двете страни. Властите во двете земји ги гонат своите службеници за предавство и за објавување воени и разузнавачки тајни.

Регионалниот суд во Курск во соопштението наведе дека осудил двајца поранешни претставници на руската одбрана на 17 и 13 години затвор, откако биле прогласени за виновни за предавство. Во соопштението се тврди дека обвинетите ѝ пренеле воено-разузнавачки податоци на Украина и планирале да минираат железнички пруги.

Руската Федерална служба за безбедност минатиот месец уапси поранешна брачна двојка во областа Курск, во близина на границата со Украина, под обвинение за предавање техничка документација и модели што се користат за производство на системи за оружје за руската воена авијација.

Руската Федерална служба за безбедност наведе, во споменатото соопштение, дека поранешните сопружници, идентификувани како Р.А. Сидоркин и Т.А. Сидоркина, учествувале во плановите за минирање на железничките пруги во регионите Курск и Белгород, кои се користат за снабдување на руските сили што се борат во Украина.

Руската служба додаде дека запленила повеќе од четири килограми пластичен експлозив, четири детонатори, воена проектна документација и 150.000 долари во готовина.

Сидоркин (50) е обвинет и за недозволено поседување огнено оружје и муниција и е осуден на 17 години затвор, додека Сидоркина (41) е осудена на 13 години затвор.

Главното обвинителство во Украина во вторникот објави дека украински пратеник осомничен за соработка со Русија е во притвор.

Олександр Пономарјов, претставник на сега забранетата партија Опозициска платформа за живот, е обвинет за врски со Русија, се вели во соопштението на обвинителството. Исто така, се додава дека Окружниот суд Печерск во Киев му одредил притвор без право на кауција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ