вторник, 26 ноември 2024

Полскиот премиер: Вагнер ќе биде уште поопасен под Путин

Објавено на

часот

Сподели

„Вагнер е под водство на Путин. Секој сам да си одговори на прашањето – дали заканата ќе биде поголема или помала? Што се однесува до мене, тоа е реторичко прашање“, рече тој на прес-конференција.

Приватната воена група Вагнер беше контролирана од Евгениј Пригожин, за кој се верува дека загинал во авионска несреќа вчера во Русија. Силите на Вагнер беа преместени во Белорусија по бунтот предводен од Пригожин, а нивното присуство во Белорусија се смета за потенцијална закана за соседна Полска, членка на НАТО.

Путин не ја спомена несреќата за време на говорот во Москва по повод 80-годишнината од победата во битката кај Курск за време на Втората светска војна. Наместо тоа, тој ги поздрави сите војници кои се борат „храбро и решително“ во Украина.

Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, стана познат на светската јавност по улогата на неговата платеничка група во војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ