петок, 18 октомври 2024

Полска: Отворена истрага поради изјави дека мигрантите треба да се сместат во Аушвиц, да се чипираат, тетовираат

Обвинители во Полска ги истражуваат коментаторите кои на десничарската телевизија се шегуваа дека мигрантите треба да се сместат во Аушвиц или да бидат тетовирани или микрочипирани како кучиња.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие ставови во изминатата недела ги изнесоа гости на ТВ Република, приватна станица позната за поддржување конзервативни ставови откако конзервативната партија Право и правда ја изгуби контролата над полската влада и јавните медиуми.

Ширењето говор на омраза е кривично дело според полскиот закон, а додека јавните телевизии беа заштитени од пазарни и правни притисоци под претходната влада, ТВ Република сега се соочува со таков притисок.

Контроверзните изјави се дадени додека Европската Унија се обидува да го ревидира својот застарен систем за азил, вклучувајќи го планот за преселување на мигрантите кои нелегално пристигнале во последните години.

Сатиричарот и глумец Јан Пјетшак кажа во неделата на ТВ Република дека има „сурова шала“ како одговор на таа идеја.

„Имаме касарни за мигрантите: во Аушвиц, Мајданек, Треблинка, Штутхоф“, кажа Пјетшак, мислејќи на концентрационите логори на смртта кои нацистичка Германија ги користела во окупирана Полска за време на Втората светска војна.

Три дена подоцна, поранешниот уредник на полскиот неделник Впрост Марек Крол, кажа дека мигрантите можат да бидат чипирани како кучиња, мислејќи на микрочиповите кои можат да помогнат изгубените миленичиња повторно да се вратат кај нивните сопственици, но дека би било поевтино да се тетовираат броеви на нивните леви раце.

Програмскиот директор на ТВ Република, Михал Рашон, кажа дека каналот длабоко не се согласува со изјавата на Крол, но не кажа дека му е забранет пристапот до нејзината програма, додавајќи дека станицата е „дом на слободата на говорот, но дека ќе биде место за почит на секој човек“.

Десничарскиот пратеник Марек Јакубијак потоа ги спореди мигрантите со „непотребен отпад“. Рашон, кој бил домаќин на таа емисија, го замолил да избегнува „грди споредувања“.

Премиерот Доналд Туска остро ги осуди неодамнешните изливи на ксенофобија и кажа дека тоа е резултат на тоа што таквите луѓе и нивните идеи со години биле поттикнувани од страна на поранешната влада и сегашниот претседател Анджеј Дуда.

Државниот музеј Аушвиц-Биркенау ги осуди „неморалните политички изјави во врска со бегалците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ