сабота, 2 ноември 2024

Полска испраќа војска на истокот, кон Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

„Обуката или заедничките вежби меѓу белоруската армија и групата Вагнер несомнено се провокација“, го цитира ПАП Збигњев Хофман.

Шефот на Вагнер, Јевгениј Пригожин, беше прикажан на видео во средата како ги пречекува своите борци во Белорусија. Тој им вели дека засега нема да учествуваат во војната во Украина, но им наредува да се подготват за Африка додека ја обучуваат белоруската војска.

Вчера, пак, белоруското Министерство за одбрана соопшти дека платеници од Вагнер почнале да ги обучуваат белоруските специјални сили на воен полигон на неколку километри од границата со Полска, членка на НАТО. „Обуката или заедничките вежби на белоруската армија и групата Вагнер несомнено се провокација“, изјави Збигњев Хофман за ПАП.

„Комитетот ги анализираше можните закани, како што е преместувањето на единиците на групата Вагнер. Затоа, министерот за национална одбрана, претседателот на Комитетот Мариуш Блашчак, одлучи да ги премести нашите воени формации од запад кон исток на Полска“, додаде тој.

Жителите во близина на границата на Полска со Белорусија вчера изјавија дека можеле да слушнат истрели и хеликоптери откако групата Вагнер пристигнала да ги обучува белоруските специјални сили, што ги зголемило стравувањата дека војната во Украина ќе стигне до нив.

Во почетокот на јули Полска објави дека ќе испрати 500 полицајци за зајакнување на безбедноста на границата со Белорусија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ