недела, 20 октомври 2024

Полицискиот радар фати 190 брзи возила, 42 во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Од казнетите возачи, осуммина возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со  над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, инфорираа денеска од МВР, 100 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкција, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за непрописно престројување на возила, како и други прекршочни санкции.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ