„При контролата санкционирани се 640 возачи. Од нив 51 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 320 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 320 надвор од населено место“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.