Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час, а три возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Притоа, 321 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 214 надвор од населено место“, информира МВР.
Министерството укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.