недела, 20 октомври 2024

Поднесено обвинение за нападот врз екипа на ТВ Алсат од летово во Старата скопска чаршија

Поднесено е обвинение против маж кој летово пред една берберница во Старата скопска чаршија нападнал телевизиска екипа на Алсат, ги навредувал, се заканувал со ножици и го удрил снимателот на телевизијата.

Објавено на

часот

Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинение против 53-годишник за кривично дело – насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во соопштението на обвинителството се вели дека обвинетиот, на 21 август, пред берберница во Старата скопска чаршија, малтретирал, грубо навредувал и насилнички се однесувал кон новинарска екипа на ТВ Алсат и предизвикал чувство на вознемиреност и страв кај сведоци на настанот.

Додека снимател и две новинарки снимале за потребите на телевизијата, тој најпрвин излегол од берберницата и започнал гласно да ги пцуе. Потоа влегол внатре и зел ножици, по што се вратил кај оштетените и директно им се заканил дека ќе ги убие. Тие започнале да се повлекуваат на друга локација, но во тој момент обвинетиот му пришол од зад грб на снимателот и го удрил со тупаници по главата. Оштетениот во прв момент изгубил рамнотежа од ударот и ја спуштил камерата. Потоа се исправил и започнал да се брани од ударите на обвинетиот. Наскоро интервенирале и други граѓани за да го спречат натамошното насилство и го одвлекле обвинетиот во берберницата.

Од поведувањето на постапката за осомничениот на сила се мерки на претпазливост.

                                                                               Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ