недела, 29 септември 2024
Средба на амбасадорката со премиерот

Поддршката од САД е клучна за развојот и стабилноста, ѝ кажал Мицкоски на Агелер

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. На средбата биле разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата, информираат попладнево од владината прес-служба.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски ја истакнал важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.

„Амбасадорката Агелер ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период. Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес“, пишува во соопштението на владината прес-служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ