По киксот на Манчестер Сити против Њукасл, Ливерпул е нов лидер на табелата во Премиерлигата.
Вечерва, „црвените“ славеа со 1-2 на гостувањето кај Вулверхемптон, трите бода ги донесе Мо Салах со гол од пенал по еден час игра.
Претходно, Конате го отвори резултатот во судиското надополнување на првиот дел, а Аит Нури изендачи на 1-1 по десетина минути игра во вториот дел.
Со овој триумф, Арне Слот испиша историја и стана првиот тренер на Ливерпул кој победил на првите три гостувања во првенството.
Холанѓанецот исто така е првиот тренер по Том Вотсон во 1896 година, кој забележал шест победи од седум натпревари на кормилото на клубот.