Актуелниот шампион на Германија си замина со бод од гостувањето на „Алианц Арена“, избраниците на Чаби Алонсо беа во подредена ситуација, но успеаја да му одолеат на Баерн Минхен.
„Фармацевтите“ поведоа со првиот удар кон голот, Андрих биеше прецизно од врвот на шеснаесетникот за 0-1 во 31. минута.
Одговорот на „баварците“ стигна брзо, Павлови спектакуларно погоди од далечина за 1-1 во 39. минута од мечот.
Во вториот дел, Баерн беше блиску до водство но Гнабри ја погоди стативата, а потоа се закани и Олисе, чиј удар успеа да го скроти голманот на гостите.