понеделник, 14 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со години ја држеше државата како мафијашка фавела

Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи? СДС е партијата која произлезе од КПМ, тоа е партија која секогаш е против европските интеграции и партијата заради која сме заглавени во нашиот пат кон ЕУ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„СДС свесно ја спои земјата со Албанија, а потоа работеше за раздвојување. СДС ликува затоа што Македонија е заглавена. СДС со години ја држеше државата како мафијашка фавела, за да може да прават криминал и корупција. Затоа и сега Македонија е заглавена.

Што се однесува до компаниите, заврши времето на рекетирање и наместени тендери како во време на СДС. Компаниите имаат поддршка во државата и предвидливост.

Со СДС од 2017 до 2023 година растот на БДП по глава на жител е дупло помал од тој на земјите во регионот. Овој податок е доволен за да знаеме колку СДС работеле за компаниите и граѓаните, а колку за себе“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ