Првиот прекин се случи на стартот. Трката почна, Ферстапен имаше слаб старт и ја загуби позицијата, пред него излегоа Расел и Хамилтон. Но се случи првото црвено знаме откако Албон излета и стјуардите проценија дека трката мора да биде прекината за да се исчисти песокот од патеката.
Потоа следуваше доминација на Ферстапен, Расел се откажа во меѓувреме поради проблеми со моторот, а трката беше малерозна и за Леклер кој се откажа уште по првиот круг поради инцидент.
На два круга до крајот повторно беше кренато црвено знаме, што значеше нова пауза и нова нервоза, овојпат Магнусен се удри во заштитната ограда и излета едно негово тркало. На тој начин Хамилтон се доближи до Ферстапен кој претходно имаше создадено солидна предност. Но веднаш штом се тргна, следуваше нов инцидент и ново црвено знаме.
По многу одложување и тензија, трката заврши Ферстапен беше прв, пред Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо. Четврти беше Строл, а во топ десет завршија и Перез, Норис, Хулкенберг, Пиастри, Гуани и Цунода.