недела, 20 октомври 2024
Реакција по објавено интервју

По изјавата за политички притисоци врз Врховниот суд претседателката Адеми повикана од Судскиот совет

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми во интервју објавено денеска изнесе оценка дека има политички влијанија врз врховните судии илустрирајќи дека се реализираат преку закани за разрешувања, но и нагласи дека овој состав на судот не е вазал на ниедна политичка партија. Судскиот совет ја повика Адеми во понеделник да дојде и да ги објасни своите тврдења за притисоци врз судот и судиите. 

Објавено на

часот

Сподели

„Познато е дека вмешувањето на политиката во судството во нашата држава е присутна појава и тоа е веќе нотирано како проблем кој ја нарушува неговата независност. Факт е дека не се почитува уставното начело на поделба на власта. Постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти, поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт. Но ние како Врховен суд и како највисок суд во државата не дозволуваме и не смееме да дозволиме преку таквите обиди да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед, односно угледот и авторитетот на Врховниот суд. Не смееме да дозволиме политичките интереси да се кршат на грбот на судството. Затоа сметам дека е битен личниот интегритет и судската култура што ја градел низ годините секој од нас како судија, важна е солидарноста меѓу судиите, бидејќи тоа испраќа порака и до оние што вршат притисоци, но и до јавноста дека судството ќе опстои на своите темелни вредности“, изјави Адеми во интервјуто за сдк.мк со наслов: Присутна е политичка закана за разрешување на врховни судии, ама нема основ за зажувување на аболицијата на Груевски.

Претседателката на Врховниот суд уште илустрира како изгледаат тие притисоци: „Политиката секогаш има потенцијал да користи влијанија на различни начини. Реално, секогаш е присутна заканата дека може да се разрешуваат судиите на Врховниот суд и во овој правец да се користат дури и лажни вести. И затоа Судскиот совет треба да биде заштитник на судството“.

Адеми уште нагласи: „Гарантирам дека овој состав на судии не им е вазал на ниту една од политичките партии, туку му служи на законот и на етичките начела“. Таа не се согласи дека измените на Кривичниот суд се донесени поради неажурност на судовите и одолговлекување на судските предмети и потсети дека дури Врховниот суд не бил консултиран за законските измени.

Попладнево дојде веста дека по изнесените тврдења на Адеми, Судскиот совет испратил писмена покана до неа, како претседателката на Врховниот суд, во која се повикува на работна средба со членовите на Советот, за, како што се посочува, последните случувања и објавени написи во медиумите за политички притисоци врз судиите во највисокиот суд.

с

Од Судскиот совет, посочуваат дека како тело кое согласно законот има обврска во смисла на член 2 од Законот за судскиот совет да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, како и во врска со член 11 од истиот закон, кој го гарантира слободното судиско одлучување без никакви влијанија и притисоци.

„Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за  политички притисоци врз судиите на Врховниот суд, реакции на политички партии, како и интервјуто на претседателката на овој суд, Беса Адеми, сметаме дека  е неопходно да ја информираме јавноста дека евентуалното вршење на притисоци од  каков било вид судиите, е недозволиво и крајно загрижувачко“, посочуваат од Судскиот совет.

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев, се вели во соопштението, изутрината остварил телефонски разговор со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми заради остварување работна средба со членовите на  Советот, заради, како што се посочува „ова исклучително важно и сензитивно прашање“.

По тој повод е испратена и писмена покана до Адеми, во која се повикува на работна средба в понеделник во 11 часот во  просториите на Судскиот совет, информираат од Судскиот совет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ