Според извештаите, куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна проверка на рендген, пренесува словачкиот портал Плус 7 Дни.
Се додава дека писмото пристигнало од непознат испраќач.
Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф, ја потврди веста и додаде дека полицијата сѐ уште се занимава со неа.
Фицо на 15 мај годинава преживеа атентат во кој беше тешко повреден.