вторник, 19 ноември 2024

Петровска до градоначалникот на Желино: Нека не мудрува многу!

Објавено на

часот

Сподели

„Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката“, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за МИА, прашана да даде коментар на ставот на Општина Желино на писмото од МО со барање за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот кај Карпалак пред 22 години.

Градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу кажа дека Петровска треба да се обрати до ЈП за државни патишта за изградба на споменикот.

„Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја“, вели Петровска.

Во однос на изјавата на градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, дека Општина Бутел е подготвена да изгради споменик за осумте бранители, вели дека ѝ е драго што го охрабрила градоначалникот на Бутел после две години од неговиот мандат да „почне да размислува за ваков споменик и го охрабрува да постапи по иницијативата на Министерството за одбрана, наместо да прави популизам од оваа тема“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ