Спасени се 15 лица, меѓу кои седум деца, пренесе Интерфакс.
До саботата наутро во објектот за привремено сместување имало 21 лице, меѓу кои четири деца, над 17 лица биле сместени кај роднини и пријатели.
Како што беше соопштено во четвртокот, од експлозија на гас се урнати два влеза на петкатницата.
Tres víctimas más fueron sacadas de entre los escombros de un edificio de cinco plantas que se vino abajo ayer en Nizhny Tagil. Según los medios de comunicación, el número de víctimas ha aumentado a 10. pic.twitter.com/t9TlqI8T5W
— Juanjo Prego (@EsteparioTotal) August 2, 2024
На местото на несреќата работеле 550 спасувачи.
Поведена е кривична постапка за кривично дело вршење на работа или давање услуги кои не ги исполнуваат условите за безбедност на животот и здравјето на потрошувачите.
12 wounded and at least 3 dead in Nizhniy Tagil (#Russia) as a result of the gas explosion. pic.twitter.com/9nthpgIFaW
— The Russian Invasion of Ukraine (@wogoa1) August 1, 2024
Градските власти на Нижни Тагил го прогласија 3 август за ден на жалост.