Меѓу повредените има и три деца, изјави Вјачеслав Гладков, гувернер на Белгородскиот регион, кој граничи со Украина.
Руските региони кои граничат со Украина сѐ повеќе се мета на Киев од почетокот на офанзивата на украинската армија на 6 август во Курск, кој се наоѓа веднаш до Белгород, пренесува Хина.
Во средината на август, Москва најави испраќање дополнителни сили во регионот Белгород, каде што беше прогласена вонредна состојба, по што од 19 август следуваше евакуација на пет села кои граничат со Украина.