вторник, 26 ноември 2024

Песков: Русија е најдобриот непријател за Американците

Обвинувањата дека Русија наводно влијае на претседателските избори во САД се апсурдни, Москва децидно го негира ова, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги наводите на американските разузнавачи дека ги следат Москва и Пекинг пред изборите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе има сè повеќе слични обвинувања против Русија до ноември, кога ќе се одржат претседателските избори во САД“, предупреди Песков и објасни дека американската разузнавачка заедница е подложна на трендот на барање непријатели во внатрешната политика.

„Американците не можат да смислат подобар непријател од Русија“, рече Песков и потсети дека и републиканците и демократите во текот на политичката борба, а особено во предизборната кампања, ја користат темата Русија.

За жал, продолжи тој, искористувањето на темата Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин во внатрешната политичка борба во САД предизвикува непоправлива штета на билатералните односи.

На новинарско прашање дали високиот јавен долг на САД може да ги забави милитаристичките планови на Вашингтон и дали постојат ризици за глобалната економија, Песков одговори дека САД, како една од најголемите економии, директно влијае на меѓународната економска ситуација.

Коментирајќи ги протестите во Венецуела откако Националниот изборен совет потврди дека Николас Мадуро официјално е реизбран за уште еден шестгодишен мандат за претседател, Песков посочи дека опозицијата мора да ги прифати изборните резултати.

„Гледаме дека опозицијата не сака да прифати пораз, иако сметаме дека е должна да го стори тоа. Таа треба да им честита на победниците“, рече портпаролот на Кремљ.

Според него, неопходно е земјата да биде ослободена од надворешно мешање и ниту една трета земја да не се обидува да ја разниша ситуацијата во Венецуела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ