сабота, 26 октомври 2024

Песков: Изборите беа беспрекорно чесни

Кремљ во средата порача дека изборите на кои претседателот Владимир Путин го освои петтиот мандат на функцијата биле чесни, по обвинувањата од некои руски независни набљудувачи и од опозицијата за местење на гласовите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин победи убедливо со 87 отсто од гласовите, или 76 милиони, со излезност од повеќе од 77 отсто на изборите што завршија во неделата – два рекорди во постсоветската руска историја.

Во деновите по резултатите независните руски изборни аналитичари рекоа дека размерите на неговата победа биле значително преувеличени, но признаваат дека Путин, сепак, веројатно ќе победел со удобна разлика.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во средата ги отфрли обвинувањата од опизицијата и западните земји дека изборите не биле „слободни ниту фер“ и дека гласањето било наместено во корист на Путин, посочувајќи на истражувањето на државна анкета, која покажува дека рекордни 65 отсто од анкетираните Руси ги сметаат резултатите за веродостојни.

„Изборите се апсолутно чесни“, рече Песков во разговор со новинарите.

„Индикаторот е на највисоко можно ниво“, рече Песков. „Невозможно е тоа да се оспори.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ