недела, 13 октомври 2024

Перу го победи Уругвај за прв триумф во квалификациите за СП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Перу која во овие квалификации за СП 2026 има најлош скор, дојде до прв триумф откако на домашен терен го совлада Уругвај со 1-0, во меч од деветтото коло.

Објавено на

часот

Сподели

Стрелец на единствениот гол на овој натпревар беше Мигел Араухо кој погоди со глава пред самиот крај на мечот.

Перуанците со оваа победа дојдоа до вкупно шест бода и веќе не се на последното место на табелата, прескокнувајќи го Чиле, кој има пет бодови. Уругвај остана на третото место на табелата со 15 бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ