петок, 18 октомври 2024

Перо Антиќ му даде поддршка на Александар Вучиќ, Македонецот се вклучи во српските избори

Првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ даде поддршка на партијата на Александар Вучиќ за престојните избори во Србија.
 

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ потпиша документ со кој изрази поддршка на изборната листа на партијата на Александар Вучиќ, Српска напредна странка.

Тие преку социјалните медиуми се пофалија и му заблагодарија на Перо Антиќ за кого се шпекулира дека бил вклучен и во некој рекламен спот на партијата во пресрет на изборите.

Ова не е изненадување ако се знае дека Перо Антиќ неодамна во Скопје му подари специјално дизајнирани патики со српски мотиви на Александар Вучиќ.

Но, никогаш не е вкусно кога спортист, особено кој има функција ќе се замеша во политиката.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ