Се работи за Матео Ковачиќ, Рис Џејмс, Рубен Лофтус-Чик и Мејсон Маунт. Не е познато колку би го чинел Реал Мадрид еден ваков шопинг во Лондон.
Нема информација дали Челси ќе добие некој играч од Реал Мадрид со цел цената за кралевите да биде подостапна.
Челси во изминатите два преодни рока донесоа многу фудбалери, па клубот мора да се ослободи од дел од играчите за да функционира нормално.
Проблем ќе биде и тоа што следната сезона Челси нема да игра во Лигата на шампионите, па наместо приходи од тоа натпреварување, ќе треба да продадат дел од играчите.