вторник, 19 ноември 2024

Пендаровски со честитка за Илинден: Да се сплотиме за иднината на младите

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски наведува дека младите се клучни за каква било општествена трансформација, од народни востанија и револуции, па сè до креирање политики и спроведување реформи.

„Но, за да ги мотивираме младите да останат и да се вклучат во изградбата на европска Македонија, мора со европски реформи да ја градиме нашата држава како праведна и прогресивна република во која македонските граѓани ќе имаат пристоен живот, добро образование, квалитетно здравство, ефикасен правен систем што ќе ги искоренува криминалот, корупцијата и непотизмот. Токму европската интеграција ќе ни помогне да го оствариме овој витален национален интерес. Затоа, мора без одлагање да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите и да престанеме да им го трошиме времето на младите. Бидејќи, ако ја пропуштиме и оваа шанса, ќе го изгубиме виталниот дел од македонското општество“, стои во честитката на Пендаровски.

Тешко е да се стекне слободна држава, додава претседателот, но уште потешко е да се изгради и одржи слободно и праведно општество.

„Додека првото е дело на една генерација, второто станува обврска на сите наредни поколенија. Затоа, да се сплотиме за иднината на младите и сите заедно да градиме европска, а не емигрантска македонска држава. За многу години Илинден“, наведува Пендаровски во честитката за Илинден. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ