вторник, 19 ноември 2024

Пендаровски ја потпиша наредбата за испраќање војници во Словенија

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски претходно во разговор со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар изрази жалење и сочувство до Словенија и сите нејзини жители за загубите и штетите претрпени во поплавите кои беа со огромен размер и искажа подготвеност за помош.

„Словенија е голем пријател на Северна Македонија, дом на многу наши сограѓани, наш сојузник во НАТО, држава со која соработуваме во повеќе процеси и иницијативи, а целиме да имаме и заедничка иднина во рамки на ЕУ. Македонското општество се сеќава на помошта која Словенија ни ја дала во минатото при справување со природни непогоди и ние сме подготвени да помогнеме согласно искажаните потреби од словенечката страна во рамки на нашите можности“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ