среда, 11 декември 2024

Потпишан протокол за размена на електронски податоци меѓу царинските управи на Македонија и Црна Гора

Директорот на македонската Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на црногорската царина, Маја Вучиниќ, во Будимпешта потпишаа протокол за електронска размена на податоци меѓу Македонија и Црна Гора.

Објавено на

часот

Сподели

Со протоколот се предвидува електронска размена на податоци меѓу двете земји пред пристигнување на стоката на граница, со цел подобрување на ефикасноста на царинските контроли и спречување на царински измами, како и забрзување на легалната трговија помеѓу двете држави. Податоците ќе се разменуваат во рамки на SEED + системот.

Протоколот се потпиша на маргините на дводневниот состанок „Унапредување на регионалната соработка“ во Будимпешта на кој присуствуваа генералните директори и високи претставници на царинските управи од Западен Балкан и од земјите членки на Европската унија. Настанот беше организиран под покровителство на унгарската даночна и царинска агенција во рамки на унгарското претседателство со Советот на ЕУ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ