среда, 11 декември 2024

Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји

Кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро изјави дека вештачката интелигенција не смее да биде „игра на богатите земји и богатите луѓе“, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Си исто така повика на поголем меѓународен менаџмент и поголема соработка во однос на вештачката интелигенција, пишува Синхуа. Претходно, Си ја истакна поддршката на Кина за земјите во развој и вети повеќе иницијативи за помош, вклучително и предлог иницијативата со три други земји од Г20 да му се помогне на Глобалниот југ да добие подобар пристап до научните и технолошките иновации.

На седницата за реформирање на глобалното владеење на институциите, кинескиот лидер предупреди на опасностите од протекционизмот во име на зелените и нискојаглеродните развојни политики, алудирајќи на тарифите за кинеските производи како што се електричните возила и биодизелот наметнати од земјите од Г-20, вклучително и САД, Канада и Европската унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ