Полскиот тим почна фуриозно од самиот почеток, Пелистер играше очајно во нападот, Висла Плоцк дојде до водство од 9-2. Како одминуваше мечот битолчани се враќаа и на одморот заминаа со само два негатива, беше 13-11 за домаќините.
Но, во вториот дел Висла додаде гас, ја зголеми предноста и на крајот славеше со убедливи осум голови разлика, конечниот резултат беше 26-18.
Филип Кузмановски со пет голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Михиќ реализираше осум кај Висла Плоцк.
Во следното коло, на 24. октомври Пелистер го пречекува Веспрем во Битола.