Веспрем имаше тотална контрола уште од самиот почеток, го отвори натпреварот со 5-0, а на полувремето имаа предност од убедливи 20-11.
Се беше решено по првите 30 минути, па Веспрем ја „тргна ногата од педалата за гас“, а тоа донесе подобра игра на Пелистер. Македонскиот тим го доби второто полувреме со 15-13 и се избори за пораз од 33-26.
Кузмановски со шест голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Радивојевиќ постигна пет. Кај Веспрем, Фабрегас и Косоротов дадоа по седум.
Следниот натпревар во Лигата на шампионите на Пелистер е на 4 декември во Битола против Висла Плоцк.