понеделник, 25 ноември 2024

Пелистер поразен од Веспрем во Лигата на шампионите

Актуелниот македонски шампион, Еурофарм Пелистер имаше уште еден лош настап во Лигата на шампионите, овојпат загуби со 30-23 на гостувањето кај Веспрем.

Објавено на

часот

Сподели

Веспрем уште на самиот старт ја најави победата, откако избега на четири голови предност (8-4), по што водството го чуваше до крајот на првиот дел.

Пелистер не успеа да одговори во вторите 30 минути, односно тргна катастрофално и тоа го казни Веспрем кој на крајот славеше со 23-30.

Филип Кузмановски беше најефикасен во редовите на Пелистер со седум голови, додека екс-вардарецот Лука Циндриќ постигна осум голови.

Пелистер по шест одиграни кола има освоено само еден бод и се наоѓа на последната позиција во групата А.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ