По 18 години Битола повторно има шампионски тим, Пелистер денеска го крена престижниот пехар и се закити со титулата македонски шампион.
Победата над Тиквеш од 35-26 беше само формално заверување на титулата. Ова за нив е седми шампионски пехар со што го надминаа Металург на вечната листа и избија на второто место. Прв е Вардар со 15 титули.
Вечерва славјето од салата „Боро Чурлевски“ ќе се префрли на плоштадот во Битола.