вторник, 26 ноември 2024

Парондо и Мелсунген го понижија Вардар

Вардар доживеа тежок пораз на гостувањето кај Мелсунген кој го води Роберто Гарсија Парондо, тренерот со кој црвено-црните ја покорија Европа. Македонскиот тим денеска беше поразен со 34-18.

Објавено на

часот

Сподели

По одличното издание против Валур во првото коло од Европската лига, Вардар денеска доживеа дебакл на гостувањето кај Мелсунген, Германците покажаа дека во моментов се далеку покфалитетен тим.

Мелсунген уште на стартот направи предност, поведе со 5-1, на полувремето имаше седум голови водство, беше 17-10.

Германскиот тим предводен од Парондо не застана во продолжението, второто полувреме го доби уште поубедливо и на крајот славеше со 34-18.

Најефикасен во составот на Вардар беше Крсманчиќ со четири голови, по три реализираа Лазаревски и Маргели. Сипош, Јонс и Торебејано во редовите на Мелсунген беа најефикасни со по пет гола.

Во третото коло од Европската лига, Вардар е домаќин на Порто. Тој меч се игра во Скопје на 22 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ