„Oд вкупниот износ на средства, 4 милиони американски долари, дел кој ѝ припадна на Република Северна Македонија, 3.4 милиони се префрлени, а останатиот дел од 0.6 милиони се очекува да биде префрлен наскоро. Согласно договорот, кога ќе биде заокружена целата купопродажна трансакција, сите средства ќе бидат префрлени во нашиот државен буџет. Претседателот Пендаровски очекува дека средствата од заедничката продажба на имотот кои ѝ припаднаа на Северна Македонија да бидат искористени согласно заклучоците на Владата за купување на простории за Постојаната мисија при ООН во Њујорк и за објект за амбасада во Софија“, се наведува во реакцијата од Кабинетот на Претсдеателот на РСМ.
Реакција на шефот на државата
Парите од објектот во Њујорк ќе легнат во буџетот кога ќе се заврши продажниот процес, вели Пендаровски
ТОП ВЕСТИ