среда, 11 декември 2024

Николоски: Наскоро ќе ја избереме најдобрата, од трите траси за брзата пруга

Наскоро ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга, изјави за ТВ Телма заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга, втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија  и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар,  што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција”, истакна министерот Николоски.

Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји.

Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ