понеделник, 25 ноември 2024
По тридневната посета на мировниот пратеник на Москва

Папата Франциско: На војната во Украина не ѝ се гледа крајот

Објавено на

часот

Сподели

Ватикан во следното соопштение наведе дека мировниот пратеникот на папата, италијанскиот кардинал Матео Зупи, ги завршил своите консултации во Москва, каде што се сретнал со еден од советниците на претседателот Владимир Путин, Јуриј Ушаков и со поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.

„Посетата беше насочена кон идентификување на хуманитарните иницијативи кои би можеле да го отворат патот кон мирот“, се вели во соопштението. Во него се додава дека ќе бидат преземени дополнителни чекори, но не се наведени детали.

Франциско постојано повикуваше на прекин на руската инвазија на Украина, која уништи украински села и градови, предизвика смрт на десетици илјади лица и протера милиони од своите домови. Папата побара од Зупи да биде негов мировен пратеник во мај, а кардиналот го посети Киев претходно овој месец на разговори со претседателот Володимир Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ