четврток, 21 ноември 2024

Падна цената на нафтата, златото и пченицата

Денеска европските берзански индекси се неуедначени, американските индекси се во пораст, додека на берзите истовремено паднаа цените на нафтата, златото и пченицата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Индексот ДАКС на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот падна на 18.158,73 поени, исто како и францускиот ЦАЦ 40, на 8.151,54 поени, додека лондонскиот ФТСЕ 100 се искачи на 7.902,94 поени, а московски MOEX на 3.829 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Доу Џонс се искачи на 39.781,37 поени, С&П 500 на 5.241,53 поени, а вредноста на индексот Насдак на 16.401,84 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 80.795 долари, а цената на нафтата брент на 85.395 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 26.450 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.167,46 долари за унца (унца = 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4324 долари за бушел (бушел = 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08246, што е за 0,33 отсто помалку од четвртокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ