четврток, 21 ноември 2024

Oвации за Дијана Имери во Софија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови меѓународни претставувања. Неодамна настапи со Софиската филхармонија како гостин-диригент на концертот насловен „Виолините на Бах“, на кој како солистки се претставија реномираните виолинистки Зорница Иларионова и Божидара Кузманова.

Објавено на

часот

Сподели

Илкоска одново ја покажа својата „енергична, храбра, страствена и уникатна музичка експресија“ во својата работа со овој престижен оркестар, во чија актуелна сезона настапуваат светски реномирани ѕвезди од класичната музичка сцена.

Стручната критика, нејзиниот настап го нарече „величествен“, а дополнителна потврда за тоа беа стоечките овации од многубројната публика присутна во сала „Бугарија“.

Во оваа музичка вечер прозвучеа три капитални дела од творештвото на Јохан Себастијан Бах – Концертите за виолина и оркестар бр.1 во a-moll и бр.2 во E-dur, како и Двојниот концерт во d-moll. Во оживувањето на овие партитури, маестра Илкоска покажа почитување кон карактеристичниот барокен стил на изразување, особено на Баховиот композиторски печат кој останува автентичен и препознатлив по скоро три века. Истовремено, таа успеа да внесе сопствена интерпретација на овие дела со карактеристичен звук на оркестарот кој станува нејзин препознатлив потпис.

Илкоска е основач и главен диригент на Камерниот оркестар „ИД“, а во досегашната кариера соработувала со реномирани оркестри меѓу кои и со: Tbilisi Youth Orchestra, Дубровачкиот Симфониски оркестар, Оркестарот и Хорот на БНР, Македонската опера и балет, Симфонискиот и камерен оркестар на ФМУ, Македонската филхармонија…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ