недела, 29 септември 2024

Oтворена истрага против момчето кое уценувало девојка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – уцена.  „Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно и се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека доколку не му исплати 300 евра, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа за неа“, наведува обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

Девојката му платила 150 евра, но тој продолжил секојдневно да ја уценува, по што го пријавила случајот. На договорено примопредавање на дел од парите осомничениот бил затекнат и лишен од слобода.

Одредени му се мерки на претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено во судот, привремено му е одземена патната исправа и има забрана за издавање нова, забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената, како и забрана за користење на социјалните мрежи преку кои го сторил делото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ