Како што може да се види од објавените укази, станува збор за повлекување на амбасадорите на Македонија: во НАТО – Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари.
Отповикани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која е шефица на Постојната мисија на Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.
Согласно указите, мандатот на Талески во Постојаната делегација на Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава.
Указите стапуваат во сила со нивното објавување во Службен весник, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија.