четврток, 21 ноември 2024

Откупени се 18,36 тони тутун по просечна цена од 368 денари

Од почетокот на откупот на тутунот во земјава, до вчера се преземени 18 тони и 362 килограми со просечна цена од 368,33 денари за килограм. На теренот се откупува на 14 ваги и тутун засега купуваат три компании, информира директорот на државниот земјоделски инспекторат Васе Анакиев.

Објавено на

часот

Сподели

Досега, најмногу има откупено фирмата „Кавекс Балкан“ која презела 10 тони и 248 килограми по просечна цена од 375 денари што е цената на прва класа килограм откупен тутун. Компанијата „Сокотаб“ откупила 6 тони и 490 килограми по цена од 356, 13 денари, а фирмата „Пашоски“ од кооперантите презела еден тон и 623 килограми и сиот во прва класа од 375 денари.

„Во моментов во земјава тутун се откупува на 14 пункта, од кои на 7 купува Сокотаб, на пет пункта фирмата Кавекс Балкан, а на два пункта тутун откупува компанијата „Пашоски“. Нема никакви проблеми во досегашниот тек на откупот и се чека да почнат другите компании да го преземаат договорениот тутун од кооперантите“, вели Анакиев.

Според Сојузот на тутунски здруженија покрај трите компании кои откупуваат, од понеделник е најавено откупната кампања да ја започнат и компаниите „Секе“, „Алијанс“ и „Италмакс“.

Тутунарите остануваат на ставот дека бараат повисока откупна не помала од 420 денари за килограм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ