понеделник, 25 ноември 2024

Отфрлени обвиненијата против Трамп за мешање во претседателските избори во 2020 година

Специјалниот американски обвинител Џек Смит објави дека се повлекува од процесот против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп поради обвинението дека се обидел да влијае на исходот на претседателските избори во 2020 година, пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ставот на Министерството за правда е дека Уставот налага овој предмет да биде отфрлен пред обвинетиот да биде инаугуриран. Овој исход не се заснова на основаноста или силата на случајот против обвинетиот“, рече Смит во својот поднесок до судот.

Тој посочи дека „не е променет ставот на Владата за основаноста на обвинетиот“.

Истрагата на Смит против Трамп за обид за промена на исходот од изборите и за незаконско постапување со доверливи документи беше уникатно поглавје во американската историја, бидејќи никогаш досега поранешен жител на Белата куќа не се соочил со федерални кривични пријави.

Иако случајот за субверзија на изборите кулминираше со пресудата на Врховниот суд дека Трамп ужива одреден претседателски имунитет од гонење, Трамповата стратегија за одложување на процесот доведе до тоа судењето дури и да не почне пред изборите во ноември.

Портпаролот на Трамп Стивен Чунг ја нарече одлуката на специјалниот советник „голема победа за владеењето на правото“.

Смит сѐ уште не кажал пред судот кои се неговите следни чекори кога станува збор за обвинението дека Трамп незаконски зел доверливи документи од Белата куќа и дека се спротивставил на обидите на владата да го врати материјалот, но се чини дека и за тоа ќе важат аргументите дека новиот претседател не се гони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ