Во пресудата од понеделникот, Кенон рече дека назначувањето на специјалниот обвинител Џек Смит е прекршување на Уставот.
Тимот на Трамп тврди дека тој е жртва на селективно гонење и дека е цел на демократите додека се обидува да ја врати претседателската функција.
Во февруари федералните обвинители изјавија дека Џозеф Бајден нема да се соочи со кривична пријава за свесно чување доверливи документи во неговата канцеларија и дом, откако тој ја напушти функцијата во 2017 година.
Федералните обвинители, кои поднесоа обвинение против Трамп од 40 точки, рекоа дека неговиот случај е различен од оној на Трамп.
Некои од документите пронајдени во Мар-а-Лаго се однесуваат на прашања од националната безбедност, вклучувајќи ги и капацитетите за нуклеарно оружје и ранливоста на САД од воен напад, според обвинителите.