„ Во рамките на проектот ‘Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’, одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување на месноста викана ‘12 ваташки младинци’’ во Моклиште, нови енергетско ефикасни светилки со подобра илуминација. Се осветлија 12 бисти со 12 рефлектори поставени на земја и споменикот со дополнителни осум рефлектори исто така поставени на земја“, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека инвестицијата е дел од тендерот за нови нисконапонски инсталации за улично осветлување, со вкупна вредност од 65 милиони денари.